недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Трагедија: Маж загина во сообраќајка на автопатот Скопје-Гевгелија

Со возило на Итна медицинска помош Т.П. е пренесен во Медицински центар-Велес, каде е констатирана смрт.
Трагедија: Маж загина во сообраќајка на автопатот Скопје-Гевгелија

Денеска околу 13:00 часот на автопатот Скопје-Гевгелија кај с.Удово Т.П. (роден 1978) од Кавадарци, управувајќи моторцикл „Хонда“ удрил во задниот дел од патничко моторно возило „Волксваген голф-4“.

Возилото било со бугарски регистарски таблици, управувано од бугарскиот државјанин А.Д.П..

Со возило на Итна медицинска помош Т.П. е пренесен во Медицински центар-Велес, каде е констатирана смрт.

Увид се врши. Сообраќајот се одвива со неизменично пропуштање.