вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Откриена причината за ненадејната смрт на Астори

Откриена причината за ненадејната смрт на Астори

Капитенот на Фиорентина, Давиде Астори почина во текот на ноќта во Удине, а надлежните органи велат дека смртта е предизвикана од природни причини, поточно од срцев удар.

Цела Италија и Европа е шокирана од веста за смртта на Астори, кој почина на 31-годишна возраст, а во врска со причината за неговата смрт зборуваше обвинителот од Удине, Антонио Де Николо.

„Ние мислиме дека починал поради срцев удар и тоа поради природни причини. Чудно е да му се случи на професионален спортист, кој е постојано под надзор и притоа не покажува никакви знаци дека може да се случи такво нешто“, вели Де Николо.

Инаку со полицијата разговарал голманот на Фиорентина, Марко Спортиело, кој последен пат го видел Астори, со кој играле видео-игри.

sport1.mk