вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познатиот српски актер се повлекува од глумата поради болест

Познатиот српски актер се повлекува од глумата поради болест

Српскиот актер Драган Јовановиќ кој се прослави со бројни улоги во играни филмови и тв серии се повлекува од глумата.

Актерот вели дека се одлучил на ваков чекор поради болест, а паузата може да трае и неколку години.

-Вистина е дека се повлекувам од сцената на одредено време. Последните години трпам големи болки во грбот предизвикани од дискус хернија. После секоја одиграна претстава се чувствувам многу лоши, ми требаат неколку дена за да се опоравам. Се повлекувам кон крајот на сезоната во јуни-јули. Не знам колку ќе трае паузата, можеби една, може две-три години, вели Јовановиќ за „Глорија“.

Драган е активен актер веќе 30 години, првата улога ја имал во 1988 година.

Најнови вести