среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Идентификувани 13 лица од пронајдените распарчени 50 тела- една е жена

Идентификувани 13 лица од пронајдените распарчени 50 тела- една е жена

Мексиканската полиција потврди дека минатиот месец пронашла останки од најмалку 50 исчезнати лица на фарма во централно-западната држава Халиско, а досега се идентификувани 13 од нив.

Мексиканската полиција денеска соопшти дека истрагата утврдила дека станува збор за останки од најмалку 50 луѓе, чии тела биле распарчени и ставени во пластични вреќи. Досега се идентификувани 13 лица, од кои една е жена.

Се претпоставува дека станува збор за жртви поврзани со војната меѓу нарко картелите, но по завршувањето на идентификацијата ќе може попрецизно да се соопшти за причините на нивната смрт.

Подрачјето каде се пронајдени телата е седиште на картелот Халиско Нова генерација, чиј водач е Немесио Осегура Сервантес, познат како Ел Менчо, кого го нарекуваат нов Ел Чапо.