среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Муса Дембеле – главна трансфер цел на Арсенал во зимскиот преоден рок

Муса Дембеле – главна трансфер цел на Арсенал во зимскиот преоден рок

Премиерлигашот Арсенал покажува интерес за напаѓачот на Лион Муса Дембеле, објави „Мирор“.

Напаѓачот е главната трансфер цел на „топчиите“ во зимскиот прозорец.

Кандидатурата на Дембеле беше пофалена од бранителот на Арсенал и неговиот поранешен соиграч во Селтик, Киран Тирни.

Во зима, екипата на Микел Артета може да го загуби Пјер-Емерик Обамејанг или Александар Лазакет и разгледува алтернативни опции.

Оваа сезона Дембеле постигна 10 гола на 18 натпревари во француската Лига 1.