вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Официјално: Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во преодната влада

Официјално: Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во преодната влада

Централниот и Извршниот одбор на СДСМ вечерва на одделни седници одлучија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да биде технички премиер во преодната влада од 3 јануари 2020 до формирањето на новата влада по изборите во април.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе биде вицепремиер за економски прашања, на местото на Кочо Анѓушев.

Изборот за технички премиер официјално го соопшти претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев по седницата на ЦО, на која и претходеше и седница на Извршниот одбор на партијата.

Избрани се и двајца дополнителни заменици министри во преодната влада – Славјанка Петровска во МВР и Санела Шкријејљ – во МТСП.

Заев рече дека одлуките за четирите кадровски решенија биле  едногласни на седниците на двата партиски одбора. (МИА)

Најнови вести