недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дарко Ковачевиќ застрелан пред својот дом во Атина

Дарко Ковачевиќ застрелан пред својот дом во Атина

Поранешниот српски репрезентативец, Дарко Ковачевиќ, вечерва бил застрелан пред својот дом во Атина, објавија грчките медиуми.

Според првичните информации, Ковачевиќ бил застрелан од непознати напаѓачи кои го чекале во автомобил пред домот во луксузниот кварт Глифада, а потоа избегале.

Ковачевиќ итно е пренесен во болница, па иако нема официјални информации, шпекулациите се дека бил застрелан во нога.

Поранешниот напаѓач настапуваше за Олимпијакос, подоцна беше спортски директор на грчкиот клуб, а неодамна се шпекулираше дека повторно ќе се врати на таа функција.