На Јутјуб каналот се појави видео снимка од неодамнешната кражба во една аптека во центарот на Скопје.
Имено среде бел ден во аптека во Капиштец крадец со фантомка на себе и пиштол во рацете влегол и ја ограбил аптеката.
На видеото се гледа како тој со вперен пиштол кон вработените бара пари, а откако ги зема си заминува.
На видеоснимката од безбедносната камера се гледа и дека овој настан се случил околу 17 часот.