четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен малолетник кој снимал и навредувал полицајци

Приведен малолетник кој снимал и навредувал полицајци

На 26.01.2020 година кај с.Црвени брегови – неготинско при сообраќајна контрола на товарно моторно возило марка „сканиа“ со скопски регистарски таблици управувано од Л.Д.(24) од Виница се констатирани повеќе прекршоци, по што, е побарано од возачот во придружба на полициски возила да се упати кон Полициската станица – Неготино.

Кога стасале кај железничкиот премин колоната била пресретната од автомобил марка „Сеат алтеа“ со тетовски регистарски броеви и им било попречено движењето. Во моментот кога реагирале полициските службеници, неовластено биле снимени од седумнаесетгодишен малолетник од Виница.

По барање од полициските службеници да им го предаде телефонот малолетникот одбил да го даде и почнал да ги навредува. Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица до целосно документирање на случајот, по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.