петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николов: ВМРО-ДПМНЕ има визија и идеја за обнова на Македонија

Николов: ВМРО-ДПМНЕ има визија и идеја за обнова на Македонија

Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во работна посета на Драчево.

-Денес бев во Драчево. Во ова место луѓето се вистински домаќини и верници. Последните години населението од оваа убава населба не почувствувале никакво подобрување во животниот стандард.
Условите за живеење се се полоши и полоши. Младите си одат, старите чувствуваат несигурност и анархија.
Ова безредие мора да заврши. Тука сме сега, а ќе бидеме помеѓу граѓаните и после 12ти Април.
ВМРО-ДПМНЕ има визија и идеја за обнова на Македонија. Да ја насочиме Македонија кон вистинскиот правец. Македонија мора да биде горда, достоинствена и просперитетна држава, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести