Пред Собранието на Република Македонија попладнево се собрани граѓани кои протестираат против донесувањето на законот за употреба на јазиците.
Продолжението на 32. собраниска седница, на која е третото читање на законот и над 35.000 амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е закажана за 13 часот.
Улицата пред Собранието попладнево е затворена за сообраќај.
Пред Собранието, исто така, има видливо полициско обезбедување, како и многубројни екипи на медиумите.
Извор: МИА