понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прекршени процедурите и законите – Двојазичноста донесена на сила

Прекршени процедурите и законите – Двојазичноста донесена на сила

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со поранешниот претседател на партијата Никола Груевски, се обидоа да го спречат нелегалното донесување на неуставниот закон за двојазичност од страна на СДСМ и ДУИ. Груевски интервенираше, по што беше повикано обезбедувањето да го отстрани.

Сепак на крај по интервенција на собраниското обезбедување за отстранување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Џафери го прогласи законот за донесен.

Џафери и собраниското мнозинство СДСМ – ДУИ ги заобиколија процедурите и законите и без да ја испочитуваат законската обврска да расправаат по амандманите на ВМРО-ДПМНЕ го донесоа неуставниот закон за двојазичност. Законот беше донесен на сила, а стручнаата јавност веднаш изреагира.

– СЕ ПЛАШАМ… Постојат луѓе кои сметаат дека со сила убавина бива, заборавајќи дека со сила убавина нема. Се плашам дека овие луѓе (со своето неразбирливо однесување) ќе создадат друга група на луѓе, кои, исто така, ќе мислат дека со сила убавина има. Кога тоа ќе се случи – веројатноста дека тоа може да се случи воопшто не е мала – мислам дека ќе биде касно и без повраток за сите нас, без исклучок. И, зошто сето тоа? Само затоа што некои упорно веруваат дека со сила убавина бива. Што друго да се каже освен: „Тешко си на таа убавина, пишува професорот Љубомир Цуцуловски.

Прогласувањето уследи откако ВМРО-ДПМНЕ ја запре претходната седница со интервенција на Никола Груевски, кој се стави во одбрана на Уставот и демократијата. Но набрзо откако Џафери најави пауза уследи повторно вклучување на кое тој констатираше дека законот е донесен. Кога и како гласале пратениците останува нејасно. На ова повторно се спротиставија од ВМРО-ДПМНЕ, но собраниското обезбедување интервенираше пратениците да бидат отстранети.

При гласањето на законот не беа земени во предвид 36 илјади амандмани на ВМРО-ДПМНЕ кои укажуваа на неуставноста на истиот. Па наместо расправа по амандманите со цел корегирање на законот и негово усогласување со Уставот,  власта реши да го донесе законот на сила.  Неуставноста на законот беше укажувана и од страна на експертската јавноста по уставно право, а голем број на професори блиски до СДСМ, како Ана Павлова Данева, Каролина Ристова Астеруд и други кажаа дека законот на далеку ги надминува уставните рамки.

Дека законот за двојазичност е неуставен и ги надминува и Уставот и Рамковниот договор укажуваа и професорите по македонски јазик и лингвистика Елка Јачева Улчар, Гордан Силјановска, Катица Ќулавкова и Симона Груевска Маџоска.

На крај на сите укажувањња по донесувањето  во прво читање, на законот беше ставено вето од страна на претседател на државата. По однос на ветото на претседателот, ВМРО-ДПМНЕ поднесе 36 илјади амандмани и ја оспори уставноста на законот,  опозицијата предложи или расправа по амандманите или повлекување на законот и формирање на комисија за негово усогласување со Уставот.  Власта не го прифати ниту едно, ниту  другото и реши да ја заобиколи процедурата за расправа по амандманите која требаше да трае повеќе од 7-8 месеци.

Најнови вести