недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Поранешниот министер за труд и социјална политика Мила Царовска против сегашниот вицепремиер за економски прашања Мила Царовска“

„Поранешниот министер за труд и социјална политика Мила Царовска против сегашниот вицепремиер за економски прашања Мила Царовска“

Комисијата за труд и социјална политика на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишуваат дека поранешниот министер за труд и социјална политика Мила Царовска е против сегашниот вицепремиер за економски прашања Мила Царовска.

-Поранешниот министер за труд и социјална политика Мила Царовска против сегашниот вицепремиер за економски прашања Мила Царовска

Во момент кога сите релевантни меѓународни и домашни агенции укажуваа на низок економски раст и лоши економски трендови во државата и мала акумулативна моќ и продуктивност на домашните претпријатија, Мила Царовска не убедуваше дека е потребно брзо покачување на минималната плата на кој начин ќе се стимулира продуктивноста на претпријатијата и ќе се зголеми просечната плата во државата.
Владата со цел исполнување на ветените 500 евра просечна плата донесе политичка одлука за зголемување на минималната плата и тоа дури два пати во период од две години.
И по реализираните две покачувања на минималната плата, Владата не успеа да ги достигне ветените 500 евра просечна плата, што го отвори прашањето дали покачувањето на минималната плата е „Вистинскиот пат„ до реализација на 500 евра просечна плата?!
Зголемувањето на минималната плата предизвика надминување на максималниот праг на просечна плата соодветен за високо развиените земји (50 % од просечната плата во државата). Во моментот просечната плата во Македонија изнесува 25.787,00 денари, а додека минималната плата изнесува 14.500,00 денари.
Покачената минимална плата не доведе до зголемување на мотивираноста кај вработените, и ја отежна економската моќ на претпријатијата за инвестирање во современи технологии и опрема за производство преку кои ќе би се создавале производи кои би биле конкурентни на странските пазари.
Мотивираноста на вработените и инвистициите во современите технологии за производство се тесно поврзани со зголемувањето на продуктивноста на претпријатијата. Со други зборови, нема зголемена мотивираност на вработените без реализација на инвистициите во современите технологии за производство. Сето ова делува негативно врз индикаторите за зголемување на продуктивноста и реалниот економски раст, а со тоа нема природен пораст на платите како додадена вредност во самото функционирање на претпријатијата.
Условеноста на порастот на платата од продуктивноста на претпријатијата конечно ја разбра и Мила Царовска, иако претходно во повеќе наврати од експертската јавност беше укажувано на ова!
Таа сега од позиција на Вицепремиер за економски прашања укажува на јавноста и на самата Влада дека покачувањето на платите без да се зголемува продуктивноста, на долг рок може да доведе до проблем.
Народот сега е збунет и не знае на кого да верува, дали на поранешната Министерка за труд и социјална политика Мила Царовска или на актуелниот Вицепремиер за економски прашања Мила Царовска???
Животот брзо минува, народот нема време да чека, Мила Царовска е потребно самата со себе да се договори и да го поведе народот на „Вистинскиот пат“, народот нема време на свој грб да ги плаќа погрешните политики на актуелните Министри. На народот му се потребни нови лица, нови политичари надвор од актуелната матрица на сегашните политички лица. Лица кои ќе бидат сигурни во своите постапки и ќе преземаат активности со цел да го поведат народот на вистинскиот пат, пат кој ќе води кон повисок стандард за живеење и ќе го издигне животот на повисоко ниво.
Време е за обнова, време е за еконосмки стабилна и просперитетна Македонија!, стои во нивниот пост на Фејсбук

Најнови вести