вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Професорката Ристова за законот за јазици: Планирана дискриминација која води кон тивок егзодус

Професорката Ристова за законот за јазици: Планирана дискриминација која води кон тивок егзодус

Најтешката последица од законот е следнава: наредните години во државната администрација ќе се вработуваат само двојазични МК-АЛ. Во превод, ќе има работа само за младите Албанци и за никој друг.

Ова го истакнува професорката Мимоза Ристова која се огласи на социјалните мрежи по носењето на неуставниот закон за јазици.

-Според тоа, Македонците и неалбанските мацинства ќе можат до леб да дојдат само преку ЗАМИНУВАЊЕ од сопствената грутка. ТИВОК ЕГЗОДУС. И после 5 години ќе решат да ни “доделат” попис, кога навистина резултатите ќе покажат дека албанското малцинство брои над 20%. Аферим за пратениците фотељаши и нивниот вмро-нски начин на безмозочно гласање во стадо. Ги повикувам Албанците, моите блиски пријатели кои се за соживот во оваа тажна земја, да кренат глас, макар заради оваа последица на раселување на неалбанската младина од Македонија. Барам аналитичност и непристрасност за да се согледа дека овој насилнички закон ќе вроди многу тага, нетрпение и конечно, меѓуетничка омраза. За донесување на ваков закон беше неопходна темелна подготовка во високото образование. Требаше да се направат 100% СУБВЕНЦИОНИРАНИ студиски програми за двојазичност (МК-АЛ), па да излезат минимум 5 генерации дипломирани двојазичари, одбрани на пропорционален етнички принцип. На тој начин сите ќе добиеја подеднаков пристап до тие вработувања. Вака, се работи за сериозна ПЛАНИРАНА ДИСКРИМИНАЦИЈА која води кон ТИВОК ЕГЗОДУС, пишува таа.

Најнови вести