Социјалната мрежа Твитер го суспендираше профилот на лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ поради, како што велат, кршење на правилата на Твитер.
Шешељ во последните неколку дена на таа социјална мрежа за неистомислениците и политичките противнци пишуваше коментари кои, според реакциите на други корисници, имале елементи на говор на омраза.
Опонентите на Шешељ пак, го поздравија суспендирањето и се заблагодарија на сите оние кои во последните 24 часа го пријавувале неговиот профил.