сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чулев: Злоупотреба на службена положба од 2,5 милиони евра на Спасовски за јавна набавка на 3000 пара чизми

Чулев појасни дека по барање на стручните служби во МВР да се направи контрола на квалитетот на чизмите, две акредитирани лаборатории, од кои една странска, констатираат дека има отстапувања по четири критериуми односно параметри. Министерот потенцира дека МВР имало обврска да го раскине договорот, да наплати банкарска гаранција и да спроведе нова постапка за јавна набавка за полициски чизми, но тоа не било направено, а дополнително за компанијата не била ставена ниту негативна референца.
Чулев: Злоупотреба на службена положба од 2,5 милиони евра на Спасовски за јавна набавка на 3000 пара чизми

МВР има индиции за злоупотреба на службена положба во постапки поврзани со јавна набавка на три илјади пара полициски чизми од фирмата „Пинко Кирил„ ДООЕЛ, во вредност од 15 милиони денари, за кои две акредитирани лаборатории констатирале дека не ги задоволуваат барањата од техничката спецификација на МВР.

Целата постапка за јавната набавка на чизми за полициските службеници, информира на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, е направена во времето на поранешниот минситер Оливер Спасовки. Огласот од страна на МВР е објавен почетокот на 2016 година, кога пристигнале три понуди, од кои е избрана „Пинко Кирил“ и во договорот е утврден рок за испорака на чизмите од 60 дена, а е наведено дека доколку не се испорачаат во договорениот рок, договорот се раскимува и се активира банкарската гаранција.

– Рокот за испорака не е испочитуван, ниту договорот не е раскинат, а не е активирана банкарската гаранција, туку постапката за испорака на чизмите продолжила во понатамошна фаза, рече министерот Чулев.

Тој појасни дека по барање на стручните служби во МВР да се направи контрола на квалитетот на чизмите, две акредитирани лаборатории, од кои една странска, констатираат дека има отстапувања по четири критериуми односно параметри.

Чулев потенцира дека МВР имало обврска да го раскине договорот, да наплати банкарска гаранција и да спроведе нова постапка за јавна набавка за полициски чизми, но тоа не било направено, а дополнително за компанијата не била ставена ниту негативна референца.

Во меѓувреме, појасни министерот Чулев, тогашниот помошник министер му доставил информација на Спасовски за целата постапка во која биле наведени пропустите, по што екс министерот за вантрешни работи сепак дал насока договорот да не биде раскинат и чизмите да бидат испорачани.

Чулев го повика ОЈО веднаш да постапи по поднесокот доставен од страна на МВР.

Најнови вести