вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лидер ексклузивно: Нарко картелот од Крушопек добил и државен тендер од владата на СДСМ и ДУИ!

Лидер ексклузивно: Нарко картелот од Крушопек добил и државен тендер од владата на СДСМ и ДУИ!

Во компанија за трговија со овошје, како пратки со банани бил пратен кокаинот во скопски Крушопек.

Лидер од извори во истрагата стигна до имињата на уапсените за трговија со 1.3 тони кокаин од кој 1 килограм бил фатен на лице место.

Проверката во централен регистар покажува дека оваа компанија во изминатите години пријавувала огромен обрт на пари. Да речеме во 2018 оваа компанија имала обрт од 174.307.281 денари или околу 3 милиони евра.

-Симптоматично е тоа што оваа компанија која очигледно се бавела со трговија со кокаин прикриен како трговија со банани за време на владеењето на СДСМ и ДУИ добивала и државни тендери, објави Лидер.

Целата вест за скандалот погледнете ја на ЛИДЕР

Најнови вести