СДСМ се пофали со порастот на платите, но заборави да го пресмета порастот на трошоците за живот, со оглед на тоа што, како што расте платата, така расте и инфлацијата во една економија.
Ова го истакна професорот Трајко Славески кој гостуваше во „Топ тема“.
-Платата не можете да ја таргетирате, може и повеќе да расте. Ако создадеме услови економијата да расте побрзо со политиките, побрзо ќе расте и платата. Плата во номинален износ и тоа во денари да ја таргетирате е бесмислено. Знаете зошто е безмислено? Ако ги пресметаме трошоците за живот во реални износи, нели реалната плата зависи од трошоците за живот, истакна Славески.