петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Роси се враќа во Рома

Де Роси се враќа во Рома

Поранешниот капитен на Рома, Даниеле де Роси би можел да се врати кај „волчицата“, но не како фудбалер туку како тренер.

Играчот од средниот ред би можел да го наследи неговиот татко Алберто кој цели 27 години работи во „Тригорија“ (базата на римјаните) каде забележа бројни успеси со младинската екипа. Според „Корере делa Спорт“, Алберто ќе остане во Рома како супервизор.

Асистенти на Де Роси во работата со младинците на Рома ќе бидат Морган де Санктис и Бруно Конти. За скоро се најавуваат промени и во управувачката структура на клубот, па актуелниот сопстеник на клубот, Џејмс Палота ќе биде заменет со Ден Фридкин, па не е исклучена можноста на „Олимпико“ да се врати и Франческо Тоти.