четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скандал: Судијата во „Траекторија“ се закани, доколку зборуваат адвокатите на одбраната ќе ги отстрани од судница

Скандал: Судијата во „Траекторија“ се закани, доколку зборуваат адвокатите на одбраната ќе ги отстрани од судница

Судијата Бошевски, кај кого е предметот на СЈО „Траекторија“, на денешното рочиште им се закани на адвокатите на одбраната, дека ќе ги отстрани од судница доколку зборуваат додека не завршел со пуштањето на снимките, што е апсурдна ситуација и оневозможување на одбраната.

За скандалот да биде поголем, Бошевски дрско им се обратил на адвокатите на обвинетите велејќи дека нема намера да ги чита нивните поднесоци.

Во случајот „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните министри Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и директорот на агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски. Како што и самите велат, се товарат неосновано, а целиот случај е политичка конструкција.

ВМРО-ДПМНЕ многу пати досега во јавноста излезе со став дека станува збор за апсурден случај чија цел е политички прогон на поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ по нарачка на власта.

Имено автопатиштата се градени со екстра ниски кредити од кинеската државна банка со само 2% камата, во услови кога други банки за слични цели давале над 8% камата. Додека целокупната постапка е изведена врз основа на закон во Собранието кој го истовремено го изгласаа и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и СДСМ.

Според партијата, предметот почива на неколку конструкции. Првата конструкција на овој предмет е дека не е испочитуван Законот за јавни набавки. Имено при изградбата на овој автопат Законот за јавни набавки не игра важна улога, бидејќи Собранието на Република Македонија во 2013 година донело посебен закон за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево – Охрид, врз основа на законот за ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на НР Кина. Овој закон е специјален Закон и ја исклучува примената на генералниот закон.

-Втора конструкција на која почива политичкото обвиние е дека е напревена наводна штета од 155 милиони евра, што е неточно, бидејќи штета во конкрекретниот случај не постои, а се работи за капитален проект изградба на автопати, кои претходната власт ги донесе до напредна фаза на реализација и ќе бидат од општа полза за граѓаните. Трета конструкција која им се сервира на граѓаните е дека тогашната власт преговарала со само една компанија, што повторно не е точно. Имено склучени се меморандуми со две компании и тоа: China International Water and Electric Corpоration (CWE) и Sinohydro Corporation Limited. Двете компании доставиле свои понуди и во 2013-та година е одбрана најниската понуда, односно Sinohydro Corporation Limited. Со надавањето на кинеските фирми дополнително се извршила заштеда на средства.

Најнови вести