петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо да биде во изолација се качил во автомобилот и се шетал во два града- кичевец скапо ќе го плати ова прекршување!

Наместо да биде во изолација се качил во автомобилот и се шетал во два града- кичевец скапо ќе го плати ова прекршување!

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.З.(53) од кичевското село Пласница.

Како што соопшти МВР, тој утрово во 08.45 часот е забележан како управува патничко возило „фиат пунто“, со кичевски регистарски ознаки, на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, по што полициски службеници го сопреле возилото.

Притоа е утврдено дека М.З. на 16.03.2020, на граничниот премин „Табановце“, при влез во државата, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Република Словенија, која според Листата од СЗО е зафатена од епидемијата со коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом, во с.Пласница, ќе спроведе задолжителна самоизолација.

Пријавениот не се придржувал до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.

Најнови вести