сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ впрегна медиумска машинерија за да брани носење на закони за богатење за фамилијата на власт

СДСМ впрегна медиумска машинерија за да брани носење на закони за богатење за фамилијата на власт

Венко Филипче не е света крава, а ниту пак останатите министри. Оние кои по три пати на ден не убедуваат дека се ќе биде под контрола, гледаме ама баш дека ништо не е под контрола, ако ништо друго тоа го говорат над 40 заболени од корона вирусот.

Но онаму каде што ја боли власта таму и се чеша. По информациите изнесени во јавноста дека се бара вонредна состојба за да може да носат на лесен начин уредби со законска сила меѓу кој и закон за марихуаната и други закони за богатање на далтон фамилијата Заев се вклучија платените лајачи.

Веројатно крешендото ќе се достигне кога оние вљубеници во ликот на СДСМ и криминалот на Заев ќе напишат „Николоски се претера”, а молчат за оние тирада од прес конференции по 3 пати на ден на Венко Филипче, Спасовски, Шеќеринска, Димитров.

По дефиниција нивната позиција е за критика, а дополнително ако се земе тоа што по мерата на сите неспособно се справуваат. Ајде и да и се простат маните на било кој друг кој не е платен со државни пари, ама маните на владата се плаќаат со здравјето на граѓаните.

Маните на Филипче се плаќаат со животите на граѓаните, е за тие грешки мора да се пишува. Зачудува еден бард во новинарството како Блажевска која нели може и прашината во воздухот да ја забележи со нејзиното бистро перо, ама ќути молчи како некој калфа на чорбаџија, алијас Лазар Бараков во македонските приказни, за пропустите кои одземаат животи.

Молчи и за тоа што на втората страница на СДСМ, Тime.mk фрштат реклами, платени или гратис, за владата и Филипче.

Нели во овие кризни времиња зачудувачки е Филипче како се рекламира со измонтирани видеа, графички обработени, со медиумска машинерија за перење на мозоци. Зад секој прес стои намера да се рекламира и самопромовира. Тие не се пари од дома донесени, туку пари на граѓаните.

Видеа има ама маски во Дебар нема. Реклами има, ама респиратори во Дебар нема.

Блажевска нема да ја чуете да каже ништо што за време на вонредна состојба се одбра и објавија во Службен весник 10 судии во кривичен суд.

И ако владата бара извор на лажни веста Спасовски и Заев нека побараат во нивниот двор, таму се изворите на лажните вести.

Најнови вести