понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тие кои не ја почитуваат наредбата за домашна изолација, автоматски ќе бидат префрлани во карантин

Тие кои не ја почитуваат наредбата за домашна изолација, автоматски ќе бидат префрлани во карантин

Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата Вин-вин на ТВ Телма, најави дека најверојатно утре ќе се донесат мерки со кои секој оној што не ја почитува наредбата за домашна изолација, автоматски да биде префрлен во центрите за карантин и повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките што им се наложени.

-Имаме два типа на самоизолација – со решение за здравствен надзор лица кои се директно во контакт со лице со коронавирус и нив ги посетуваат патролни служби. Има неколку случаи каде што не се почитува решението за изолација и на нив веќе им се изречени парични казни. За затвор се уште нема. И луѓето кои се враќаат од државите со среден и висок ризок потпишуваат изјава дека ќе се држат до самоизолација. Најверојатно утре ќе донесеме одлука дека оние кои нема да бидат во самоизолација, а мора да бидат, при проверка ќе ги носиме во центрите за изолација. Затоа мојот апел е тоа што треба да го испочитуваат, да го испочитуваат, рече Спасовски.

 

Најнови вести