Министерот за здравство Венко Филипче попладнево ги посети двајцата повредени војници од касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, кои се хоспитализирани на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
– Едниот војник е на 28, а другиот е на 37-годишна возраст. И двајцата се со склопетарни повреди, прострелни повреди на левата натколеница, се наоѓаат во стабилна состојба и не се во животно загрозувачка состојба. И кај двајцата ќе се направи интервенција во текот на попладневните часови, изјави Филипче по посетата.
Додаде дека засега не се забележува некој сериозен дефицит во движењето на ногата и кај двајцата пациенти.