четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Лајен предупредува дека дезинформациите за коронавирус се опасни по живот

Лајен предупредува дека дезинформациите за коронавирус се опасни по живот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска предупреди за зголемениот број лажни вести кои кружат за заразата со Ковид-19.

Таа предупреди дека цената на дезинформацијата во овој случај може да биде живот на граѓаните.

-Може ли лукот или витамин Ц да го излечат коронавирусот ? Не. Дали вирусот ги инфицира само старите? Не, рече Фон дер Лајен во видео-порака, укажувајќи на зголемениот број дезинформации за коронавирусот, особено на интернет.

Таа процени дека тоа се должи на сегашната неизвесност, вознемиреност и брзите променливи вести за пандемијата.

-Тоа мора да запре. Ние работиме со интернет платформи за подобро да се спротивставиме на дезинформациите за коронавирусот. Тие се тука за да обезбедат пристап до официјални извори и да ги отстранат штетните содржини и лажните огласи, вели Фон дер Лајен.

Таа истакна дека ЕУ ги следи чекорите што ги преземаат интернет-платформите и ги повика да ги проверат информациите што се појавуваат во нивната содржина и додаде дека информации и факти за некои од сториите што кружат на интернет, можат да се најдат на веб-страницата на Европската комисија.

-Верувајте им на вашите здравствени власти, Светската здравствена организација, реномирани медиуми кои секогаш го базираат своето известување на точни информации. Оние што шират дезинформации можат да ви наштетат и да ве чини живот“, заклучи Урсула фон фон де Лајен.