вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Стопирано производството на пивото „Корона“

Стопирано производството на пивото „Корона“

Мексиканската компанија која го прозиведува познатото пиво „Корона“ соопшти дека привремено ќе го стопира производството.

Владата во Мексико објави вонредна состојба поради пандемијата со коронавирусот и нареди суспендирање на неесенцијалните производни активности во земјата.

Според вчерашните податоци, во Мексико заразени се 1.510 лица, а 50 се починати.

Најпознатото мексиканско пиво „Корона“ кое се извезува во 180 земји во светот привремено ќе запре со производството од недела.