петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Вонредна инспекција за тестирањата во „Систина“ и забрана да се објавуваат податоци

Вонредна инспекција за тестирањата во „Систина“ и забрана да се објавуваат податоци

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши инспекциски надзор во ПЗУ во мешовита сопственост КБ „Аџибадем Систина„ на ден 02.04.2020 год, информираат од таму за КУРИР.

КУРИР испрати новинарско прашање кое гласи: „Дали е точно дека здравствените установи кои вршат тестирања на Ковид-19 ќе бидат известени дека податоците и резултатите не смеат јавно да ги објавуваат, туку да ги проследат до ИЈЗ?

-Сите здравствени установи кои вршат тестирање на Ковид 19, добиените резултати се должни да ги достават исклучиво до ЈЗУ Институт за јавно здравје Скопје. Истите не смеат да бидат јавно објавувани. Овие установи се известени со циркуларно писмо за погоре наведеното, се наведува во одговорот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Ова прашање денес му го поставивме и на министерот за здравство, Венко Филипче.

-Беа констатирани условите во лабараторијата и беше само повторена препораката за секој тест кој што ги анализира антителата. Мора да се направи и тестот а самиот вирус, односно антигенот бидејќи само тоа ја дава дефинитивната слика, состојбата односно дали некој граѓанин е носител на вирусот или не е, рече Филипче

Најнови вести