четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Оние кои што сега го критикуваат ВМРО-ДПМНЕ, молчеа кога Царовска со закон префрли 120 милиони евра од приватните во државниот пензиски фонд

Славески: Оние кои што сега го критикуваат ВМРО-ДПМНЕ, молчеа кога Царовска со закон префрли 120 милиони евра од приватните во државниот пензиски фонд

Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во своето гостување во емисијата Детектор уште еднаш повика сериозно да се разгледа предлог на опозицијата почнувајќи од март оваа година делот од придонесот за пензиско-инвалидско осигурување кој се насочува кон едно од трите приватни фондови за пензиско осигуравање додека трае кризата со коронавирусот и економските последици од истата да се уплаќаат на сметка на државниот пензиски фонд.

Тој истакна дека Владата на СДСМ која сега го критикуваа оваа мерка не споменува дека во 2018-та година со закон 16 илјади осигуреници од приватните пензиски фондови се префрлија во државниот фонд заедно со нивните средства во износ од 120 милиони евра.

-Не во никој случај нема да бидат оштетени пензионерите. Дали се сеќавате дека минатата 2019-та година ние на сите ѕвона од поранешната министерка за труд и социјална политика имавме фалби дека пензиоскиот систем, фонд е стабилизиран. Знаете што се случи? Тоа е добро да го знае јавност. Со закон донесен кон крајот на 2018-та година 16 илјади осигуреници од приватните пензиски фондови се префрлија во државниот фонд заедно со нивните средства во износ од 120 милиони евра. Значи тоа е веќе направено во Република Македонија, ние ова не го предлагаме. За кого се работи? Се работи за оние кои имаат бенифициран стаж за земјоделци, категории врзани со старосната група. Па видете, 120 милиони евра се повлечени од приватните пензиски друштва и никој тука ниту дискутираше, ниту го осуди тоа. А сега времено, во услови на криза, она што го прават сите други земји. Во моментов додека зборуваме естонскиот парламент носи закон со кој што го повторуваат она што го направија за време на голема рецесија, ја суспендираат уплатата од први јули годинава до 31 август наредната година. Сите средства кој што оделе во приватните фондови сега одат во државниот. Значи не акумулираните, да потсетам ние од акумулираните минатата година земавме 120 милиони евра, вели Славески.

Најнови вести