недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Белгија продолжува да бележи голем број смртни случаи предизвикани од Ковид-19

Белгија продолжува да бележи голем број смртни случаи предизвикани од Ковид-19

Белгија продолжува да бележи голем број смртни случаи предизвикани од Ковид-19, но и намалување на бројот на хоспитализирани лица.

Во последните 24 часа се регистрирани 162 смртни случаи во белгиските болници, а хоспитализирани се 314 лица.

Федералниот центар за јавно здравје на Белгија констатира дека „општата“ состојба во Белгија се движи кон стабилизирање, но дека треба да се продолжат напорите во наредните недели за ситуацијата да се врати во „прифатливи рамки“

„Ова намалување на хоспитализациите мора да ни даде сила да продолжиме. Да се држиме заедно, да бидеме обединети “, се вели во пораката од федералниот Центар за јавно здравје на Белгија.

Во соопштението се додава дека обемот на тестирање за Ковид-19 во Белгија значително се зголемил и сега изнесува 10 илјади направени тестови дневно.

Од вкупно 22 194 заразени, во периодот од 15 март до 6 април, девет илјади биле примени во белгиските болници, а 4157 се испишани од овие установи.

Вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Белгија изнесува 2.035 лица.