недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Белград и Ниш добиваат монтажни лаборатории, дневно ќе обработуваат дополнителни 3000 тестови за коронавирус

Белград и Ниш добиваат монтажни лаборатории, дневно ќе обработуваат дополнителни 3000 тестови за коронавирус

Монтажни лаборатории кои ќе служат за тестирање на коронавирус, како донација од кинески компании, ќе добијат српските градови Белград и Ниш.

Според информациите од српскиот министер за земјоделство, во лабораторијата во Ниш дневно ќе се обработуваат 1000, а во Белград 2000 тестови.

Во лабораториите на Ветеринарскиот и Институтот за јавно здравје во Ниш дневно може да се изработат околу 400 тестови. Новите монтажни лаборатории значително ќе ги зголемат капацитетите.