петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата со месеци криеше колку граѓани останале без работа: Славески се сомнева и во официјалните бројки поради нетранспарентноста на власта

Владата со месеци криеше колку граѓани останале без работа: Славески се сомнева и во официјалните бројки поради нетранспарентноста на власта

Професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во своето гостување во емисијата „А што не е јасно“ на телевизија Алфа ирази сомнеж во официјалните бројки на лица кои што останале без работа во Република Македонија поради економската криза предзивикана од коронавирусот. Неговиот сомнеж е поради досегашната нетранспарентноста на Владата кога стануваше збор за бројката на граѓаните директно погодени од кризата.

Професорот истакна дека во вакви моменти Владата не смее да ја крие состојбата, споменувајќи ги САД како пример, држава во која податоците за невработеност беа транспарентно споделени со јавноста.

-Не се согласувам дека сите институции или Владата била транспарентна на сите прашања поврзани со последиците од оваа криза. На пример требаше јавноста да притиска за да дознае колку всушност работници останале без работа и се пријавени како невработени во Агенцијата за вработувања. Дури во ист ден слушнавме од Мила Царовска потценета бројка дека тоа биле 3900 граѓани, за после веќе наредниот ден да чуеме дека се околу 9 илјади, 10 илјади граѓани. Видете не треба да се кријат состојбите, како може најсилната држава во светот, САД да каже дека за три недели 20 милиони работници останале без работа или пак дека невработеноста се зголемила од 3,5 најниска во историјата на стапка која се доближува до 20 проценти. Криза и не смее да се биде нетранспарентен како што беше Владата преку Агенцијата за вработување, нетранспарентна. Дури јас изразувам сомнеж дека такви се податоците затоа што е создаде една стигма и притисок врз работодавачите и ан оние кои што не се во можност да ги одржат бизнисите затоа што 2 месеци нема никаква поддршка, да бараат други начини за заштита на нивните вработени, вели Славески.

Тој додава дека дури и вработените кои што ги губат нивните работни места се пријавуваат во агенција за вработување имаат законска можност одреден временски период да примаат надомест од одреден процент од платата.

Најнови вести