сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Величковски: Економските мерки на СДСМ се по принципот „ти нудам помош бога молам да не ја земеш“

Величковски: Економските мерки на СДСМ се по принципот „ти нудам помош бога молам да не ја земеш“

Случувањата во врска со корона вирусот покажаа само колку ни се слаби државните капацитети, рече Ивон Величковски, иницијатор на движењето Нова република на гостувањето на емисијата Само вистина на телевизија Канал 5.

Според него македонија само следела само што се случува во соседството и спроведувала исти или слични мерки.

-Сите случувања, поточно последиците покажаа колку државата не била подготвена. Јас уште на почетокот кажував дека треба да се затворат границите по препорака на министертвото за здравство. Но, тогаш кога во февруари зборував за тоа се смееа. Откако го спроведоа по неколку месеци или по околу месец дена многу беше јасна ситуацијата. Тоа само покажа дека имаме слаб административен и државнички капацитет, рече Величковски.

Тој укажа дека тоа што се правело е воведување на мерки кои се воведувале во соседството.

-Не ја следевме ситуацијата внатре, туку воведуваме мерки по некој ред како што го правеше тоа соседството, посочи Величковски.

Тој укажа дека и мерките во делот на економијата не биле соодветни.

-Мерките не беа достапни како што треба. На пример ако бараат пет документи за да аплицирате и да добиете помош е во ред ако може и тие пет да ги добието по електронски пат. Но, ако треба да одите по институции за да ги добиете тие документи, па потоа да аплицирате тешко дека и ќе аплицирате. Мерките беа на принцип ти нудам помош бога молам да не ја земеш, рече Величковски.

Најнови вести