среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кировски: Денес бројката на ново заразени ќе биде 170, избори на 5 јули не може да биде чарето

Кировски: Денес бројката на ново заразени ќе биде 170, избори на 5 јули не може да биде чарето

Новинарот и директор на ТВ Телма,  Атанас Кировски, преку статус на Фејбук пишува дека во моментов имаме математичка прогресија на пораст на инфицирани, денес бројката на ново заразени ќе биде 170! Оваа бројка е веќе тенденција на експоненцијален раст.

-Во моментов имаме математичка прогресија на пораст на инфицирани, денес бројката на ново заразени ќе биде 170! Оваа бројка е веќе тенденција на експоненцијален раст. Во такви услови мора државата да бара некое чаре. Избори на 5 јули не може да биде чарето. Во вакви услови одѕивот ќе биде под 30 проценти, а за иднината на државата ќе решаваат само оние што не веруваат дека има Ковид-19, што мислат дека сево ова е некаков заговор заради 5г технологијата, дека не прскаат со алуминиум и сл. Мора да се овозможи изборен процес на кој својот глас би го дале оние кои нормално размислуваат, а тие во вакви услови сигурно нема да излезат на гласачко место и да си го ризикуваат здравјето. Значи брзо некаков план Б, бидејќи планот А дефинитивно пропаѓа од сите апсекти. Не сакам да прогнозирам што не чека ако тераме со експоненцијален раст заразени, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Vo momentov imame matematichka progresija na porast na inficirani -denes brojkata novoinficirani kje bide nad 170 !!!!!!…

Gepostet von Atanas Kirovski am Freitag, 5. Juni 2020

 

Најнови вести