петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

На ден со „само“ 87 заразени за Царовска „сите потреби за вонредна состојба се исцрпени“

На ден со „само“ 87 заразени за Царовска „сите потреби за вонредна состојба се исцрпени“

На првиот ден во низа кога имаме помалку од 100 заразени со КОВИД-19, само еден ден од рекордот на 18% заразени од тестираните, ден со „САМО“ 87 заразни како што пишуваат провладините медиуми, вицепремиерката за економија, социологот Мила Царовска смета дека се исцрпени сите потреби за продолжување на вонредната состојба.

На прашање околу тоа дали владата планира продолжување на вонредната состојба Царовска во интервјуто за Тв 24 изјави:

“Како и досега така и во наредниот период Владата ги разгледува сите оние анализи кои што се потребни и ќе ги донесеме одлуките во наредните неколку денови пред истекување на оваа вонредна состојба но по оние согледувања кои сега ги имаме исцпрени се сите потреби за продолжување на вонредната состојба, економските мерки се донесени и на денешната владина седница се донесоа неколку Уредби кои што беа од третиот пакет на мерки и со тоа основните причини зошто беше потребна таква оперативност на Владата и прогласување на вонредна состојба се да речеме исцрпени.“ изјави Мила Царовска.

Вонредната состојба беше продолжена за 14 дена на 30 мај и завршува оваа сабота.

Најнови вести