четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен Скопјанец кај кого бил пронајден пиштол

Уапсен Скопјанец кај кого бил пронајден пиштол

Од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ вчера во 22.30 часот,лишен од слобода бил И.Б.(24) од Студеничани-скопско затоа што при извршениот преглед кај него бил пронајден пиштол марка ХС2000 кал.9 мм со седум куршуми за кој не поседува дозвола, а при извршената проверка за пиштолот констатирано било дека истиот бил сопственост на МВР.

Тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.