Познатиот српски актер и комичар Богољуб Митиќ – Ѓоша ненадејано почина на денешен ден пред три години, како последица на срцев удар.
Четириест и деветгодишниот Митиќ се прослави со улогата на Ѓоша во телевизиската серија „Семејно богатство“, име кое потоа стана и негов прекар.
Покрај со актерството, Ѓоша се испорба и како сценарист во хумористичната серија „Агенција за СИС“.
Богољуб Митиќ – Ѓоша беше женет и имаше две ќерки.
За потсетување кобниот ден рано утрото неговото тело го пронајде неговата ќерка, а на актерот веќе било доцна да му се помогне. Тој имал инфаркт во сон, а претходно со денови бил настинат.
Тој не сакал да оди на лекар иако сопругата и пријателите му инсистирале на тоа за да не се здобие со сериозни здравствени проблеми.