недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски-Климовски: Во Македонија мора да се почитуваат законите и да има праведност, затоа што без тоа не може да има ни функционална држава

Муцунски-Климовски: Во Македонија мора да се почитуваат законите и да има праведност, затоа што без тоа не може да има ни функционална држава

Со професорот по уставно право Саво Климовски, од кого имам научено многу за правото, имав прилика да разговарам за проектите од обновата. Тој вели дека само со напорна работа, чесност, знаење и добра стратегија и план може да се направи многу, пишува во својата објава кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ Тимчо Муцунски.

Се согласуваме дека во Македонија мора да се почитуваат законите и да има праведност, затоа што без тоа не може да има ни функционална држава.

За таа цел потребно е да почнеме од Уставот. Со обновата предвидуваме формирање на експертска група која ќе ги ги посочи сите евидентирани слабости, проблематични, неконзистентни и неприменливи одредби во Уставот. Како и да подготви нови, модерни предлог-уставни решенија во согласност со европските вредности и стандарди,за зачувување на унитарниот карактер на Македонија и за уредување на меѓуетничките односи според принципот на единствена македонска нација.

Најнови вести