недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славески: Власта не работи на функционална пазарна економија и со тоа ги загрози позициите на Македонија на патот кон ЕУ

Славески: Власта не работи на функционална пазарна економија и со тоа ги загрози позициите на Македонија на патот кон ЕУ

Платите во пазарна економија се пазарна категорија, а не административна. Во последниве години видовме таков интевенционизам што се направија админстративна категорија, а што се случува реално, се намали конкрентноста на извозот и тоа беше видливо уште минатата година пред кризата, рече професорот Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на дебатата на телевизија 24 на која се осврна на проектите од програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапува на овие предвремени парламентарни избори.

-Мислам дека го загрозуваме оној дел за функционална пазарна економија, а тоа го бара ЕУ од нас, а со политиките до сега тоа се загрозува. Кога велиме функционална пазарна економија значи платите треба да растат согласно продуктивноста, и мислам на поддршка на македонски компании кои имаат конкуренти предности секој вид на поддршка нови технологии, знаење и поддршка за нив за да ги искористат компаративните предности на македонската економијата, рече Славески.

Професорот додаде дека со тој пораст на продуктивноста се планира пораст на платите од 25 проценти во текот на четири години.
Славески укажа и дека проектот за минална плата со кој СДСМ толку многу се фали во суштина е воведен од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести