понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Спасовски во посета на Старо Нагоричане

Спасовски во посета на Старо Нагоричане

Носителот на листа во ИЕ 2, од коалицијата предводена од СДСМ, Оливер Спасовски, денеска се сретна со жители на општината Старо Нагоричане и најави поддршка за земјоделците и руралниот развој. Спасовски најави годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра, бесплатна зелена нафта и двојно повеќе средства за поврат на персоналецот за земјоделците.

-Голем дел од вас се занимаат овде со земјоделство и да знаете кога велиме нова развојна економија, мислиме и на модерно, европско земјоделство. Ќе има 20-процентно годишно зголемување на поддршката на жени земјоделки. Ќе има бесплатна обука на фармери за поефикасно искористување на ИПАРД средствата. Ова е дел од предивденото за земјоделците во Програмата на СДСМ, рече Спасовски.

Тој нагласи дека модерно земјоделство и нова развоја економија се можни само со сигурна евро-атлантска иднина.

-Од каде пари? Ние ги насочуваме парите кон граѓаните, а режимската власт на ВМРО-ДПМНЕ ги крадеше за своите џебови и знаете дека ве уценуваа и ви се закануваа за исплата државни пари што ви следуваат. Тие мрачни времиња се минато, посочи Спасовски.

Иднината е сигурна, потенцира Спасовски, земјата е членка на НАТО, добиена е одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Со отворањето на поглавјата, нагласи, ќе има 2,5 милијарди евра од европските фондови достапни за новата развојна економија, за зелена нафта за земјоделство, за конкурентност, за капитални инвестиции, канализации, патишта, водоводи.

Најнови вести