сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Еко Герила: Општина Тетово да ги исполни ветувањата за намалување на загадувањето

Еко Герила ги повикува граѓаните да бидат повнимателни во овој период кога сообраќајот, исто така е преоптоварен како резултат на сезоната на годишни одмори и доаѓањето на иселениците во земјата.
Еко Герила: Општина Тетово да ги исполни ветувањата за намалување на загадувањето

Во отсуство на мерки и препораки кои треба да бидат превземени од страна на општина Тетово за намалување на загадувањето, Eко Герила ги повика граѓаните на Тетово во текот на овие денови, според можностите да го ограничат колку што е можно повеќе движењето со своите автомобили.

Како резултат на лошо управување од страна на општина Тетово која со години ги остави граѓаните без јавен превоз, без подземни паркинзи и катни гаражи, без деблокирање на главните булевари и негрижата на општинскиот инспекторат за животна средина да ги спречи компаниите кои загадуваат, тетовчани во последните години се изложени на екстремно загадување на воздухот.

Резултат од сево ова се сериозни последици за здравјето и животот на граѓаните, особено на децата.

-Како што е познато, Тетово е град кој околу 80-90% се затоплува на дрва. Во студените зимски денови, кога процесот на притисок на воздухот е низок, другиот загадувач е греењето на дрва. Немањето на други алтернативи за греење како што е гасот или други алтернативни извори на енергија, се резултат на неспособноста на локалната и централната власт кои со години не го решија овој сериозен проблем за граѓаните, се вели во реакцијата.

Организацијата нагласува дека очекуваат од општина Тетово да ги исчистат улиците кои се преполни со прашина, бидејќи таму најчесто се наоѓаат честички PM10.

-Отстранување на старите и нерегистрирани возила кои ги блокираат патиштата, тротоарите и јавните површини исто така е законска обврска на општината, која досега не е реализирана. Непуштањето во употреба на обиколницата на градот која треба да ги поврзе селата во насока на Порој-Јажинце е континуиран проблем за преоптоварениот сообраќај во Тетово, стои во реакцијата.

Еко Герила ги повикува граѓаните да бидат повнимателни во овој период кога сообраќајот, исто така е преоптоварен како резултат на сезоната на годишни одмори и доаѓањето на иселениците во земјата.

-Иако денес го немаме нивото на загадување како пред две или три години, кога нивото на PM10 достигнуваше до 800-900, ние бараме да се намали до дозволените нивоа. Освен државните институции, и ние како граѓани треба да се покажеме одговорни како поединци, за секоја негативна појава која влијае на нашата животна средина, се вели на крајот од реакцијата на Еко Герила.