вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Гоце Делчев не носел кече, носел пенкало со кое ја менувал околината и се борел за Македонија

Јанушев: Гоце Делчев не носел кече, носел пенкало со кое ја менувал околината и се борел за Македонија

Гоце Делчев не носел кече, но покрај Манлихера, носел пенкало, затоа што бил и даскал. Со тоа пенкало ја менувал околината и се борел за Македонија, напиша на Фејсбук носителот на листа во ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Уште се живи приказните во штипско Ново Село за неговиот живот, во секоја куќа во Делчево, Берово, Пехчево се зборува за особен пиетет за апостолот на борбата за слободна Македонија. Затоа што Гоце бил и ќе остане Македонија, најсилниот темел врз кој почива нашата слобода. Сега секој од вас со такво пенкало може да влијае на промена на реалноста а Македонија мора да се исправи, затоа што таа е наша единствена, вели Јанушев.

Најнови вести