понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стотици полицајци спроведуваат рации во Берлин поврзани со исламистички тероризам

Стотици полицајци спроведуваат рации во Берлин поврзани со исламистички тероризам

Германската полиција рано утрово изврши рација во 20 куќи и компании во Берлин, под сомнение за поврзаност со исламистички тероризам.

Во рацијата се ангажирани околу 450 припадници на полицијата.

Берлинското обвинителство објави на Твитер дека се издадени 20 налози за претрес за 12 осомничени кои „припаѓаат на исламистички групи“ и се осомничени за „разни злосторства, вклучително и финансирање на тероризам“.

Најавени се повеќе информации во текот на денот. (МИА)