сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов рекорд: Неверојатен број на новозаразени во Токио

Нов рекорд: Неверојатен број на новозаразени во Токио

Гувернерот на Токио Јурико Коике изјави дека главниот град на Јапонија повторно евидентира рекорден број заразени лица  со коронавирус за еден ден.

– Слушнав дека бројот на новозаболени ќе надмине 280, изјави тој пред новинарите, пренесува Би Би Си..

Јапонија ги олесни рестриктивните мерки во април, но Токио ги врати во средината на јуни поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Во Јапонија досега се заразени над 22.500 луѓе, а речиси 990 луѓе починаа од последиците на Ковид-19. (МИА)