недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Рамос на врвот на најефикасните меѓу дефанзивците на Ла Лига во 21. век

Рамос на врвот на најефикасните меѓу дефанзивците на Ла Лига во 21. век

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос синоќа постигна гол на натпреварот од 38. коло во Шпанското првенство со Леганес (2:2). За него, овој погодок беше 11-ти во сезоната. Според овој индикатор, тој се искачи на врвот меѓу одбранбените фудбалери во 21 век, поминувајќи го Маријано Пернија (10 гола од Хетафе во сезоната 2005/06).

Рамос беше првиот дефанзивец кој постигна повеќе од 10 гола во една сезона од Роналд Куман. Холанѓанецот за Барселона во сезоната 1993/94, исто така, постигна 11 погодоци.

Воедно, голот на Рамос против Леганес е  негов 100-ти гол во клупската кариера. Тој има и 21 погодок за Шпанија.