среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николов за КУРИР: Поради политиката „се е под контрола“ дојдовме до ова ниво, нашата економија не е подготвена за уште еден карантин!

Според Николов во моментот целата сила и енергија и ресурсите потребно е да се насочат на здравствена промоција и здравствена едукација на популацијата, која што ќе резултира со здравствено просветување.
Николов за КУРИР: Поради политиката „се е под контрола“ дојдовме до ова ниво, нашата економија не е подготвена за уште еден карантин!

Коронавирусот зема се поголем замав во нашата земја додека властите се помируваат со ситуацијата и не мрднуваат со прст.

Во нашата земја речиси од почетокот на епидемијата до денес има над 9 илјади заразени лица и над 400 починати.

И додека во изминатиот период властите и министерот за здравство беа ангажирани со партиски митинзи контролата буквално излезе од контрола во последниве 15-тина дена, особено со рекордниот број на новозаразени во саботата и вртоглава бројка од 240 новозаболени лица.

Во изјава за КУРИР докторот Игор Николов вели дека бројот на новозаразени всушност го отсликува начинот на кој што се бориме и се справуваме со корона епидемијата.

-Бројот на новозаразени всушност го отсликува начинот на кој што се бориме и се справуваме со корона епидемијата. Имено во овој момент власта како да „дигна раце„ од некаков организиран пристап во совладување на корона кризата. Сведоци сме дека заради политиката на „да не се прави паника„ и дека „состојбата е под контрола„ дојдовме до состојба да популацијата не го сваќа сериозно постоењето на вирусот и неговата смртност особено за повозрасните лица. Таквата пак перцепција на граѓаните не доведе до овие бројки и оваа состојба, која не искачува на прво место по сите негативни параметри како во регионот, така и во светот, вели Николов.

Тој додава дека во моментов не можеме да зборуваме дека завршил првиот бран, а не пак да зборуваме за втор бран на коронавирус.

-Според мене, ние се уште го живееме првиот бран и неговите пикови, за кои не сме сигурни дека ќе успееме да ги спуштиме, особено заради тоа што нема никакви мерки кои што се превземаат, ниту во оние делови каде што има многу заболени. Некаква подготовка на здравствениот систем за вториот бран е во најава, но сепак доколку разговарате со лекарите, медицинскиот персонал, па и со директорите на институциите кои што треба да бидат дел од таа подготовка, многу од нив ќе ви кажат дека немаат информација што се подготвува и што точно се случува. Ниту пак постојат информации кој дел од персоналот ќе ја спроведува и изведува таа активност во вториот бран, потенцира Николов.

Според Николов во моментот целата сила и енергија и ресурсите потребно е да се насочат на здравствена промоција и здравствена едукација на популацијата, која што ќе резултира со здравствено просветување.

-Потребно е ресурсите да се насочат целно, на оние региони и оние делови каде што бројката на заразени и активни случаи е голема и секако треба да се работи на детектирање односно на визуелизација на вирусот со вкрстување на информациите од повеќе институции, а се со цел да се насочат ресурсите правилно и рационално, вели Николов.

Во врска со воведување на можен карантин за претстојниот празник вели дека нашата економија не е во состојба да издржи уште еден целосен карантин.

-Нашата економија не е во состојба да издржи уште еден целосен карантин. Сепак сметам дека постојат мерки кои што би требало да се преземат, а со цел да ги заштитиме здравјето на луѓето, бизнисите и економијата. Како пример би го посочил ограничувањето на движењето во „ситните саати„ помеѓу полноќ и 5 часот наутро, како и собирањето во поголеми групи во овој период и други периоди од денот,

Најнови вести