четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку осуммина загинати во експлозија во северо-источна Сирија

Најмалку осуммина загинати во експлозија во северо-источна Сирија

Најмалку осум лица загинаа, а 19 други се повредени во вчерашната експлозија во северно-источната провинција ал-Хасака во Сирија, соопшти Џентарот за мониторинг на човекови права, со седиште во Лондон, пренесе ДПА.

Центарот денеска соопшти дека до експлозијата дошло на пазар во градот Рас ал-Аин, што е под контрола на турските сили и сојузничките фракции.

Едно дете е меѓу загинатите, соопшти Центарот, додавајќи дека  бројката на загинати веројатно ќе се зголеми бидејќи некои од повредените се во сериозна состојба.

Медицински извор во Рас ал-Аин за ДПА соопштија дека експлозивната направа била активирана на пазарот за зеленчук во градот.