Новопечениот “Аналитичар” Ненад Јовановиќ, уште не расчистил со поимите во политичка анализа, па смета дека може да каже се, во стил на “едно опшество за сите”. Така, веројатно не е свесен дека шири Говор на омраза, нарекувајќи ги сите во ВМРО ДПМНЕ “полуартикулирани фигури”, пишува на Фејсбук професорот и политички аналитичар, Александар Даштевски.
-Така сам го наметнува прашањето дали тој е “артикулиран”. Она што е неспорно дека е “артикулиран бот” на Митко Јанчев од Кавадарци и структурите на СДС кои го инструираат во погрешна насока и на сила сакаат да направат од него член на НГО секторот во Кавадарци. Факт е дека тој е целосно нерелевантен и оди во погрешна насока. Поради тоа му се случува да го фали ВМРО ДПМНЕ, а го критикува СДСМ, бидејќи во свое интервју признава дека не се согласува со договорите на Зоран Заев, попрецизно со содржината на договорот со Бугарија, стои во објавата.
Затоа, ниту Јовановиќ е аналитичар ниту во”Само вистина” ја зборува вистината.