вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Аргентина, Уругвај и Парагвај сакаат заедничка организација на СП 2030

Аргентинските фудбалски клубови веќе го известиле Меси за нивните намери, иако тој, како и Суарез, активно ќе престане да игра во тој период.
Аргентина, Уругвај и Парагвај сакаат заедничка организација на СП 2030

Аргентина, Уругвај и Парагвај планираат заеднички да го организираат Светското фудбалско првенство во 2030 година.

Мундијалот би се играл во осум аргентински градови и по два во Уругвај и Парагвај, а главните промотори би биле ѕвездите на Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез.

Аргентинските фудбалски клубови веќе го известиле Меси за нивните намери, иако тој, како и Суарез, активно ќе престане да игра во тој период.

– Меси е подготвен да ни помогне со можноста за организирање на Светското првенство. Важно е да имаме поддршка на играчот, без никаква политичка конотација, рече аргентинскиот секретар на спортот Карлос Мекалистер.

По Светското првенство во Русија оваа година, Мундијалот ќе се одржи во Катар во 2022 година, а наскоро ќе биде одлучено дали ФИФА ќе му го довери Мундијалот во 2026 година на Мароко или на САД, Мексико и Канада заеднички.