четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Елена штрајкува со глад, ѝ се придружиле сите притворенички од Шутка

Елена од денеска стапи во штрајк со глад! Во знак на солидарност со Елена, сите притворенички во Затворот “Шутка” се приклучија на штрајкот со глад, а оние што примаат медицинска терапија нема да ја земаат понатаму! Бараат слобода за Елена, да се врати дома кај децата!
Елена штрајкува со глад, ѝ се придружиле сите притворенички од Шутка

Елена Божиновска, која е во притвор за настаните во Собранието на 27 април, започна штрајк со глад.

Елена од денеска стапи во штрајк со глад! Во знак на солидарност со Елена, сите притворенички во Затворот “Шутка” се приклучија на штрајкот со глад, а оние што примаат медицинска терапија нема да ја земаат понатаму! Бараат слобода за Елена, да се врати дома кај децата!

Граѓаните реагираат на социјалните мрежи за делото за кое е осомничена, бараат слобода за Елена Божиновска. Божиновска, која е мајка на две деца на возраст од 2 и 1 година, а го загуби трето кое беше на пат поради приведувањето и одредената мерка притвор како дел од осомничените за случувањата на 27 април во Собранието. На социјалните мрежи пишува дека таа работи во Собранието од 2007 година. Најголема желба на нејзините две дечиња е Дедо Мраз да им ја донесе дома Мама за новогодишната ноќ.

Најнови вести