На 15.08.2020 во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.